Ципрас побара мандат за силна влада

Лидерот на грчката Коалиција на радикалната левица (Сириза), Алексис Ципрас за време на денешното гласање во Атина, повторно побара мандат за силна влада.
- Грција на демократските традиции денеска доаѓа на гласање. Народот со своето гласање треба да ја земе иднината во свои раце и да не остави другите да одлучуваат за него. Народот е оној кој ќе стави свој белег, за да може нашата земја да премине кон една нова ера. Ова може да се случи само со мандат за силна влада со мандат од четири години, рече Ципрас.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, вкупно девет милиони и 837 илјади Грци денеска гласаат на вторите предвремени парламентарни избори годинава.
Во изборната трка учествуваат 14 политички партии и пет коалиции кои се натпреваруваат за 300 места во грчкиот парламент.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
