Ципрас: Ние сме подготвени да ги исполниме обврските, но каде е тука Турција?
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, порача дека Грција е подготвена да ги исполни сите обврски во однос на проблемот со бегалците, јави дописникот на МИА од Брисел.
Пред почетокот на мини-Самитот во Брисел, посветен на бегалската криза, а на кој се и шефовите на државите и Владите и на Република Македонија, Србија и Албанија, претседателот на грчката Влада запраша отворено каде е и зошто Турција не е претставена на овој, според многумина “најважен состанок во Европа”.
- Ние сме подготвени да ги исполниме сите наши обврски. Да изградиме пет договорени „жешки точки” на островите до крајот на оваа година. Но, што е со останатите земји и нивните обврски? Каде е Турција на денешниот состанок, ако мислиме да донесеме сериозни заклучоци, бидејќи Турција е прва точка на влез на бегалците? - запраша Ципрас.
Тој всушност е единствено што отворено го постави прашањето што виси во воздух на овој мини-Самит, а тоа е за отсуството на Турција од каде пристигнуваат бегалците на европско тло. А, за тоа зошто, пак, Албанија е присутна на овој состанок, појасни премиеро тна оваа држава Еди Рама, кој пред почетокот на состанокот порача дека со можното атворање на границите на земјите од балканската рута, можно е Албанија да стане нов центар на прием на бегалците, кои во таков случај би морале да ја променат рутата на движење.
Ново на Сител
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена