Ципрас: Не треба да се отстранува оградата на копнената граница меѓу Грција и Турција

Оградата на копнената граница меѓу Грција и Турција не треба да се остранува, изјави грчкиот премиер, Алексис Ципрас, од Лезбос, каде го отвори центарот за брза регистрација на мигранти, информира грчката телевизија Скај.
Ципрас, со оваа изјава, всушност даде коментар на идејата, разгледувана последните денови, оградата од тел да се отстрани за оттаму да се дозволува влезот на бегалци и мигранти.
Според Ципрас, идејата е добра за оние кои не знаат дека околу оградата има мини.
- Дилемата пред нас не е дали мигрантите да го загубат животот во Егејско Море или од мините во областа Еврос. За нас најважното прашање е бегалците вооопшто да не умираат, посочи Ципрас.
„Европа има многу лица. Има лице на солидарност и разбирање, но има и лице на безразличност, на хиперконзервативни сили кои градат ѕидови, лице на насилство. Ние се обидуваме здраво да работиме за да изградиме лице на солидарност и хуманост“, искоментира грчкиот премиер пред новинарите на островот Лезбос.
Ципрас подвлече дека со Турција треба да се постигне спогодба за запирање на приливот на мигранти со удар врз шверцерите. Според него нужна е соработката со Анкара за прифатот и регистрацијата на мигрантите, што е единственото решение на бегалската криза.
Тој го искритикува и штрајкот на морнарите што на мигрантите кои веќе ја минале регистрацијата не им дозволува да го напуштат островот.
Синдикатот на морнарите од понеделникот протестира против планираните владини реформи во секторот, а штрајкот треба да заврши утре. Синдикалците ги одбија молбите на власта за тоа трите бродови со кои секој ден се превезуваат бегалците од островите кон пристаништето во Пиреја, да бидат пуштени да пловат.
Според Ципрас, поради протестите повеќе од десет илјади мигранти не можат да го напуштат островот Лезбос.
Ново на Сител
-

Вреди до Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација
-

Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар
-

Ѓорѓиевски-Николоски: Скопје го развиваме заедно, со работа, посветеност и јасна цел - да изградиме модерен и функционален град
-

Ин мемориам: Почина Проф. д-р Трајан Бендевски
-

На Скопскиот аеродром приложиле фалсификувани визи, кривична за двајца турски државјани
-

Кривична против Сириец за криумчарење мигранти, меѓу кои и деца
-

Ковачев: Во Македонија над 180.000 граѓани имаат бугарски пасоши, 20.000 се во обработка
-

Приведена 23-годишна кавадарчанка, го нападнала нејзиното шестмесечно бебе
