Ципрас: Лицемерно е само да се правиме загрижени за бегалската криза
Сите ние имаме голема одговорност за да се справиме со прашање за миграцискиот и бегалскиот прилив и тоа е можеби најважното прашање во денешно време, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на самитот на Европската унија во Ла Валета, пишува весникот „Вима“.
Ципрас говореше за причините, кои довеле до миграцискиот и бегалскиот прилив, како и за одговорноста, која ја има развиениот западен свет.
- Овие појави нема да бидат надминати доколку не го погледнеме коренот на тие проблеми, рече тој.
Говорејќи за големата одговорност на сите при решавањето на тоа прашање Ципрас истакна дека не треба да се заборави од каде доаѓаат тие луѓе во Европа и зошто бегаат од своите домови и земји.
- Тие бегаат поради граѓанските војни, поради регионалните конфликти, поради сиромаштијата и големата нееднаквост, поради ограбувањето на ресурсите на земјите, од кои доаѓаат, истакна Ципрас.
- Лицемерно е само да се правиме загрижени за тој прилив... развиениот западен свет има одговорност за тие појави. Ние нема да можеме да се избориме со тие појави, доколку не ги погледнеме корените на проблемот, додаде Ципрас.
Тој повика за поголема координација и соработка меѓу земјите, од кои доаѓаат бегалците и оние кои ги примат, за преземање на повеќе меѓународни и регионални дипломатски иницијативи при управувањето со кризи и за постигнување мир.
Ципрас повика и за поефикасна борба против трговијата со луѓе, со цел да се оозможи легална миграција.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство