Ципрас ја прифати оставката на Каменос и ќе побара гласање доверба на Владата
По повлекувањето на Панос Каменос од коалициската Влада, грчкиот премиер ќе побара доверба од Парламентот, ова го соопшти Алексис Ципрас по завршувањето на средбата со лидерот на Независни Грци, јави дописничката на МИА од Атина.
– Ја донесов одлука, го известив претседателот на Парламентот дека набргу ќе пристапиме кон процесот предвиден од Уставот и правилникот на Парламентот, за обновување на добербата на мојата Влада, за да одиме напред со апсолутно мнозинство, кон овие клучни опции за земјата и грчкото општество и за да може Владата да го заврши во октомври 2019 година мандатот предвиден со Уставот. Секој и секоја, во овие клучни моменти мораме да ја преземеме нашата одговорност кон земјата, кон она што длабоко веруваме дека е национален интерес. Прво јас, членовите на мојата Влада, но секако и секој член на Парламентот, рече Ципрас во изјавата по средбата со Каменос.
Грчкиот премиер додаде дека ја прифатил поднесената оставка на Каменос од позицијата министер за одбрана и објасни дека ќе ја прифати и секоја друга оставка од редовите на Независни Грци.
Нов министер за одбрана на Грција ќе биде началникот на Генералштабот, Евангелос Апостолакис.
Ново на Сител
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа