Ципрас: Грција нема да толерира предизвици кон нејзиниот интегритет
Грција нема да толерира никакви предизвици кон нејзиниот територијален интегритет, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Изјавата на Ципрас следи по инцидентот од понеделникот кога се судрија грчки и турски брод крај осторовот Имија/Кардак во Егејското Море, за чиј суверените спорат Атина и Анкара.
- Нашата порака е јасна. Грција нема да доволи, прифати или толерира каков и да е предизвик кон нејзиниот територијален интегритет, порача Ципрас.
Потенцирајќи дека поморската граница на Грција во Егејското Море, исто така е и граница на ЕУ, Ципрас додаде дека „предизвиците и агресивната ретоорика кон суверените права на една земја членка на ЕУ, се насочени и кон целата Унија“.
Во врска со судирот на двата брода во понеделникот, Анкара и Атина меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за инцидентот, потенцирајќи дека тој се случил во „нивни територијални води“.
Поради Имија/Кардак, Грција и Турција во 1996 година се најдоа на работ на војна.
Ново на Сител
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари