Ципрас: Европа има потреба од нова визија
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Европа треба да се промени или ќе се соочи со егзистенцијална криза, која може да доведе до ќор сокак, пишува весникот „Катимерини“.
Ципар го даде овој коментар синоќа по сребата на врвот на Унијата во Братислава, каде лидерите на 27 земји членки на ЕУ се собраа првпат по решението на Велика Британија да го напушти блокот.
Ципрас изјави дека има консензус за прашањето дека проектот за европската интеграција веќе не е извор на инспирација за граѓаните на ЕУ.
- Затоа Европа треба да има нова визија, истакна тој.
Како што објасни Ципрас, и покрај несогасувањата за мерките, кои треба да се преземат, идејата за социјално ангажиран дневен ред постепено добива на интензитет.
- Си заминувам од средбата со претпазлив оптимизам, дека нешто ќе се промени, заклучи грчкиот премиер.
Ново на Сител
-
„Ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност, сакаат да ја префрлат вината“ - се огласи сопругата на Бектеши
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани