Ципрас: Докажавме дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени
Докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“ профил по повод две годишнината од Договорот од Преспа.
-Пред две години се сретнавме во Преспа, онаму каде што низ историјата поминаа победници и поразени, триумфатори и трагични херои. Им се обративме на нашите народи, на народите од Балканот кои се бореа за слобода, но беа измачувани и се измачуваат од отровот на националистичката омраза, на меѓународните конфликти и братоубиствените војни. И докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува Ципрас.
Во неговата објава, Ципрас ја коментира и позицијата на актуелната грчка Влада, која како опозиција беше против Договорот од Преспа, истакнувајќи дека „историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа“.
-Грција се најде на правилната страна на историјата. Тоа го покажуваат во пракса дури и оние кои се бореа против договорот. Оние кои говореа за „предавства“ и „национални отстапки“. Оние кои чекореа заедно со националистите и златнозорците. Истите оние кои денес говорат со најдобри зборови за односите на земјата со Северна Македонија и улогата на земјата во заживувањето на европската перспектив на Западен Балкан, во најтешкиот момент. Историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа, напиша Ципрас на „Фејсбук“.
Ново на Сител
-
Уапсен руски милијардер поради серија убиства
-
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград, подготвувал бомба за ликвидација на дилер на дрога
-
Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга
-
Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб