Ципрас: Да не беше Преспанскиот договор, сите коментатори на Европско ќе велеа Македонија
Поранешниот премиер на Грција и еден од потписницитена Преспанскиот договор, Алексис Ципрас, по повод реакциите на неговата земја на коментаторите на македонскиот јавен сервис, кои ја нарекуваат земјата без додадотокот Северна, за грчки „Скај“, вели дека да не бил договорот, сите коментатори на Европското ќе ја нарекувале земјата „Македонија“.
„Ако не постоеше Договорот од Преспа, сите земји во светот и коментаторите на телевизиските мрежи ќе кажеа дека Македонија игра, сега тие велат дека игра Северна Македонија. И ова е напишано насекаде. Ова е победа. Од таму се дискутира за амблемот на ФФМ. Фудбалската федерација во Северна Македонија е прватно тело. Сепак, како стопанската комора, тоа би можело да го смени своето име, ако грчката влада притиснеше на време врз основа на добра волја и договор што ги поставува принципите“.
Тој ја обвини грчката влада дека се справува лошо со ова прашање и со своите обврски од Договорот.
„Не ги ратификуваат трите меморандуми за соработка што се во корист на земјата. Еден од нив се однесува на надзорот на воздушниот простор од страна на грчките воени авиони. Зошто не го прават тоа? Затоа што се плашат од реакциите во владејачката партија, од господинот Самарас и другите заменици на Неа Демократиа“, вели Ципрас.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот