-->
-->
Ципрас: Борбата на грчкиот народ нема да биде залудна
-->
Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа истакна дека борбата на народот нема да биде залудна и оти „демократскиот патриотизам на оние кои се противеа за време на седумте години на диктатура во Грција ќе биде водич за враќање на суверенитетот на земјата, кој беше загубен како резултат на економската криза“.
- Денес, 41 година по падот на диктатурата на полковниците, наметната од странство, им одаваме чест на борците кои биле затворени, се бореле и се жртвувале за да може демократијата да се врати во нашата земја, рече тој.
Ципрас зборуваше на меморијален настан за одбележување на 41-годишнината од падот на воената диктатура во Грција (1967-1974), во организација на Здружението на заробените и прогонетите борци на отпорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство