Ципрас бара „ефикасна“ солидарност од ЕУ за проблемот со бегалците
Грчкиот премиер Алексис Ципра ги повика земјите членки на ЕУ да покажат „ефикасна“ солидарност со Грција во решавањето на проблемот со бегалците, јави грчката агенција АНА-МПА.
- Грција го носи целиот товар од бегалскиот проблем, порача Ципрас на средбата на Евопскиот совет.
Според грчки владини извори, на синоќешниот прв дел од дводневниот Самит на ЕУ, Грција барала да биде постигнат миграциски договор меѓу членките на Унијата.
На средбата Ципрас исталнал дека од вкупно 66.000 бегалци кои треба да бидат префрлени од Грција во другите земји членки на ЕУ, досега се дислоцирани само 5.200.
- На Грција и е потребна ефикасна солидарност за решавање на бегалскиот проблем и таа солидарност не треба да биде само ефикасна, туку и флексибилна, порачал Ципрас до своите колеги од ЕУ.
Тој побарал сите земји членки да ги спорведуваат досега постигнатите договори околу бегалците. нагласувајќи дека ЕУ треба да и даде јасен одговор на Турција во врска си визниот режим, со цел да не и се даде повод на Анкара да се откаже од спогодбата со Унијата за запирање на мигрантскиот прилив.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан