Циклонот „Вајану“ предизвика големи штети на Северниот остров на Нов Зеланд

Циклонот „Вајану“ предизвика сериозни штети на Северниот остров на Нов Зеланд, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија и принудувајќи стотици жители да се евакуираат, соопштија локалните власти.
Бурата беше придружена со ветрови со брзина над 130 км/ч, поројни дождови и високи бранови уште пред да стигне до копното, според податоците на националната метеоролошка служба.
Во низа региони е прогласена вонредна состојба, а издадени се предупредувања од највисокото „црвено“ ниво.
Министерот за управување со вонредни состојби Марк Мичел изјави дека циклонот се придвижил поисточно од првичните прогнози, што го поштедило најголемиот град Окленд од најтешките последици. Сепак, властите очекуваат влошување на метеоролошката состојба во наредните часови.
Најголемите ризици се поврзани со комбинацијата од плима и бурни бранови, што може да предизвика крајбрежни поплави, особено во попладневните часови.
Според властите, околу 5.000 домаќинства останале без струја, а во операцијата за евакуација учествуваат и делови на вооружените сили со тешка техника. Во градот Уангареј се регистрирани врнежи над 100 мм за 24 часа.
Циклонот „Вајану“ потсетува на разорниот циклон „Габриел“ од 2023 година, кога загинаа 11 лица, а илјадници останаа без дом.
Ново на Сител
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
-

Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
-

По повеќе од 50 години, започнува темелна реконструкција на „Самарџии“ - една од најзначајните улици во Чаршијата
