Циклонот „Андреа” доаѓа и во Македонија
Во следните 24 часа нашата територија се очекува позначително да подпадне под влијанието на „Андреа“ па така се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд и значително количество на воден талог ( локално над 50 л/м2).
Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека на некои места процесите се очекува да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град па токму поради ваквата ситуација крајна претпазливост и во случан на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Доста нестабилно време ќе се задржи и во следните денови со што и понатаму ќе се зголемува количеството на воден талог па така има услови за локални поплавувања но и за зголемувања на нивоата на реките и на езерата низ Македонија а можно е и локално нивно излевање.
Инаку пак „Андреа“ во регионот направи огромни штети и предизвика поплави и излевање на реките а полека на високите места врнежите од дожд поминуваат во снег со што се очекува и формирање на нова снежна покривка а температурите на воздухот значително ќе се намалат. Снег на најнвисоките планини се очекува да падне и во нашата држава.
Инаку во следните 24 часа предупредување за опасност за невреме и за локални поплавувања има и од Европскиот центар за бури.
Ново на Сител
-
Зеленски: Првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје
-
Без вода делови од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Сејфула“, населбата Топанско Поле со намален притисок
-
Без струја делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево
-
Утрово посвежо, во текот на денот сончево и потопло
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба