-->
-->
Чупиќ: Или сите да играме или никој
-->
Европската ракометна федерација (ЕХФ) вчера донесе одлуки кои можат да бидат со далекусежни последици за ракометот.
Ги укинаа сите натпреварувања, освен Ф4 турнирите во ЛШ во машка и женска конкуренција.
Во машкиот сегмент од ЛШ без борба е исфрлен актуелниот европски шампион, тимот на Вардар.
Хрватскиот интернационалец во дресот на Вардар, десното крило, Иван Чупиќ за хрватски „Спортске новости“ вели дека ова не е регуларно.
„Никому не му е грижа за клубвите, а мислам дека сите клубови во ваква ситуација треба да се единствени, да кажат дека не сакаат да играат. Работата е големите нека играат, а малите нека им служат за промоција на ракометот. Ситуацијата е тешка, опасна за иднината. Прашање е колку воопшто клубовите ќе успеат да преживеат. Се плашам дека не чекаат тешки времиња, а знам дека сега најважно е да се остане здрав“ – вели Чупиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен