Чулев:МВР по налог на ЈО реализирало ПИМ за лица од „Рекет“
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес – конференција потврди дека МВР по налог на ОЈО реализирало ПИ – мерки за лица опфатени со случајот „Рекет“.
– Во однос на наведените три лица објавени во јавноста, МВР по налог на ОЈО ги реализирало ПИ мерките и тоа следење на комуникации и физичко следење на јавен простор со примена на технички мерки. Сите материјали од ПИ мерките се предадени на тогашниот министер Оливер Спасовски. Ги предал на Основното јавно обвинителство, а преку ОЈО до судијата на претходна постапка. Согласно внатрешните процедури и законот, МВР не е овластено и не смее да чува копија од доказниот материјал од ПИ мерките. Значи целокупниот материјал е доставене до ОЈО и моментално во МВР не се чуваат копии, рече Чулев одговарајќи на новинарско прашање.
За тоа дали постојат тонски записи од примената на ПИ мерките. Чулев упати за одговор новинарите да побараат од претходниот министер за вантрешни работи или ОЈО.
Ново на Сител
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп