Чулев во посета на ОВР Прилеп
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска во рамки на работната средба со раководството на ОВР Прилеп бил запознаен со последните статистички податоци поврзани со криминалитетот на подрачјето на Прилеп.
Од МВР информираа дека било констатиратирано дека тие бележат позитивна тенденција, не се забележани позначителни нарушувања на јавниот ред и мир и е констатиран пораст во ефикасноста на откривање, детектирање и санкционирање кривични дела.
Министерот Чулев потенцирал дека одделенијата и секторите за внатрешни работи имаат обврска да ги преземат мерките во насока на обезбедување на фер и демократски избори и спречување на сите појави кои може да го нарушат изборниот процес.
– Двете страни ја потврдија добрата соработка која треба да резултира со мирна изборна кампања во насока на остварување на демократското право на гласачите. Во фокус на работењето на одделението за внатрешни работи е расветлувањето на кривичните дела поврзани со опожарувања на моторни возила, мерките и активностите кои се преземаат во рамки на оперативната акција „Гора“ и кривичните дела поврзани со злоупотреба на службената положба, соопшти денеска МВР.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува