Чулев на Пониква се сретна со деца на загинати бранители и со припадници на „Тигрите’

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска го посети зимското одморалиште на МВР во Поинква каде што се сместени и го минуваат зимскиот одмор децата и семејствата на загинатите бранители.
На средбата тој истакна дека Министерството за внатрешни работи е партнер и поддржувач на здружението и сите негови членови, соопшти МВР.

– Нивната важност и значење за нашата држава не може да се измери, затоа што жртвите кои тие ги дале за татковината доволно говорат за нивната љубов и патриотизам. Ова ме задолжува мене како министер, министерството за внатрешни работи но и сите останати институции да излеземе во пресрет на нивните барања. И секогаш кога има законска можност да направиме се за да одговориме позитивно на нивните потреби, изјави Чулев.
Тој на средбата ја истакна отвореноста и подготвеноста на министерството за поддршка нa семејствата, во насока која тие сметаат дека е потребна, а согласно надлежноста и законските можности на МВР.
Ново на Сител
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
