Чулев: МВР презема мерки затекнатите лица во Маврово и Ростуше безбедно да ги напуштат викенд куќите
Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за спроведување на заклучоците на Влада поврзани со безбедноста на граѓаните, во соработка со Министерството за здравство и Центарот за управување со кризи, и на соодветен начин се разгледува можноста сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи и се наоѓаат на подрачјата каде има кризна состојба, во близина на Маврово и Ростуше како што се Гари, Лазарополе и други мали населени места безбедно да ги напуштат своите викенд куќи.
Ова го посочи на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, информирајќи дека во општините Дебар и Центар Жупа во моментот има околу 130 припадници на МВР, а во периметарско обезбедување се од 45 до 50 припадници на Одделот за специјални полициски операции.
-Во текот на денешниот ден од страна на епидемиологот во Министерството за здравство ќе се изврши увид во здравствената состојба на овие лица при што доколку се дозволи од страна на Министерството за здравство и Здравствениот инспекторат со посебна дозвола од овие лица ќе бидат извлечени надвор од периферијата, рече Чулев.
Министерот Чулев додаде дека доколку пак се одлучи, на истите лица ќе им бидат доставени пакети со храна, средства за дезинфекција и лекови.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура