Чулев: Додека јас бев министер никој не достави информации за меѓународен криминал
По не знам кој пат Оливер Спасовски причината за своите катастрофални грешки, пропусти и нестручност ги бара во мене. Самиот тој е свесен, но не сака да признае дека вината за големиот број скандали кои во континуитет го тресат МВР и државата е само во Оливер Спасовски и луѓето поставени од него.
Мојата улога како технички министер во Владата беше спроведување на парламентарните избори. Краткиот период и големите опструкции беа пречка да се расчистат сите криминали во кои се инволвирани највисоките структури во МВР. За тоа допрва доаѓа времето. Убеден сум и верувам дека правдата ќе го стигне и него и секој кој постапувал спротивно на Законот, на тој начин изневерувајќи ја довербата на граѓаните и валкајќи го угледот на државата и уништувајќи ја нејзината европерспектива.
Додека јас бев министер, ниту еден од пиуните на Оливер Спасовски до мене не достави информација за било каков криминал од меѓународни размери, напротив тие по негова насока правеа опструкции и вешто ги скриваа скандалите правени од негова страна. Исто така, дополнително ниту било која друга државна институција не ме информираше за наведениот скандал. Доколку сака вината во некого да ја побара тоа нека го направи во кадрите поставени од Владата и лично од него.
Ги повикувам надлежните институции да проверат кој и зошто и за какви цели издавал лажни пасоши, задскривал меѓународни скандали и надлежните организациски единици во МВР да покренат постапки за дисциплинска одговорност за сите луѓе на Оливер Спасовски кои се дел од неговите незаконски шеми и бизниси, а свесно ги кршеле законските прописи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид
-
19-годишна радовишанка со 2,23 промили алкохол во крвта направила сообраќајка, па побегнала
-
19 стебла канабис пронајдени во струмичко
-
Лавров: Одлуката на членките на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана може да доведе до негово распаѓање
-
Малик Бизли уапсен под сомнение за местење на НБА натпревари