Чудо во Шпанија: Родила близнаци на 64 години!
Жена на 64-годишна возраст родила здрави близнаци, момче и девојче во Бугос, Шпанија. Близнаците се родени со царски рез, вообичаена техника за вакви ретки случаи. Момчето е тешко 2,4 килограми, а девојчето 2,2. Како што пренесуваат шпанските медиуми, жената била подложна на третман за оплодување во САД.
Таа родила девојче во 2012 година кое подоцна било преземено од центарот за социјална работа, поради загриженост дека девојчето нема да ја добие потребната нега.
Самото раѓање поминало без компликации но се уште не е донесена одлука за близнаците кои се во добра здравствена состојба како и нивната мајка.
Како што пренесува ББС, во минатата година шпанските медиуми објавиле дека уште две жени на 60 годишна возраст родиле здрави бебиња.
Индијка стара 70 години, родила здраво дете во април 2016 во Харанаја во Индија.
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче