Чудо од ајкула – таа може да живее и до 400 години
Научниците неодамна открија кој вид на животно од ‘рбетниците живее најдолго во светот. Тоа е суштеството кое може да живее и до 400 години, што е скоро двојно повеќе од животниот век на најстарите желки или китови во светот.
Се работи за гренландската ајкула, која го носи латинското име “Somniosus microcephalus”.
Иако гренландските ајкули не се новооткриен вид, нивниот неверојатно долг животен век беше откриен дури неодамна, од страна на Џулиус Нилсен, морски биолог од Универзитетот во Копенхаген, Данска.
Тој и неговиот тим на научници откриле дека овие мистериозни ајкули не ја доживуваат својата зрелост се до 150-та година.
Овој вид на ајкули се познати по тоа што пливаат многу споро, а се ендемичен вид за ладните води на северот на Атлантскиот и Арктичкиот океан. Тие можат да пораснат до пет метри должина.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок