Чудо невидено: Двегодишно дете и помогна на мајката да се породи
Храбро двегодишно девојче и помогна на својата мајка да се породи и на свет да и ја донесе сестричката.
Драмата се одиграла додека Натали Пули била сама дома со својата ќерка Харпер кога почнало породувањето. За среќа дома се нашла малечката харпер која на својата мајка веднаш и донела пешкири и дури успеала да и помогне на мајката да се јави во болница.
-Се се одвиваше со големабрзина. Ја повикав болницата и се сместив во када, а Харпер мораше цело време да ја држи телефонската слушалка на моето уво. Беше многу смирена и не паничеше, рече Натали.
За жал. лекарите не стигнале на време, па Натали морала да се породи додека Харпер била покрај неа.
-Цело време беше покрај мене и гледаше како бебето доаѓа на свет. Подоцна ми рече: „Мамо видов кога излезе бебето“.
Според зборовите на Натали породувањето повеќе ги зближило, а Харпер многу се приврзала и со својата тукушто родена сестричка Попи.
Ново на Сител
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
-
Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година
-
Задолжителниот воен рок во Хрватска ќе започне кон средината на следната година
-
Приведен криумчар, пронајдени 10 мигранти