Чудо на природната медицина: Мед и банана за кашлање, бронхитис…
Лекувањето на хронично кашлање и бронхитисот се секогаш проблематични, дури и
за традиционалната медицина. Но, еден домашен лек содржи некои од најмоќните
состојки кои ги смируваат грлото и плуќата, и можат да ги излекуваат кашлањето
и бронхитисот во најкус рок!
Благодарение на карактеристиките на медот и бананата, кои се главни состојки на овој рецепт, ќе можете ова средство да им го давате не само на возрасните туку и на децата. Во исто време ќе пиете лек и ќе уживате во неговиот вкус!
Со помош на ова средство ќе се ослободите од болките во грлото, јакото кашлање, дури и проблемите со желудникот.
Состојки; 400 мл вода што врие, 2 зрели банани со средна големина, 2 лажици мед.
Подготовка: бананата испасирајте ја во пире, ставете во сад и додајте вода што врие. Измешајте и оставете смесата да отстои 30. минути. Кога смесата ќе се излади додајте го медот.
Важно е медот да го додадете на крај, за да не ги загуби своите важни својства.
Доза: земајте по 100. мл од ова средство четири пати дневно (вкупно околу 400 мл дневно).
Количеството на рецептот е доволна за еден ден, и следното утро можете да направите свежа доза.По само три дена ќе почувствувате олеснување.
Ново на Сител
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево