Живот
26. August 2015 - 18:23

Чудо на природата: Се што ќе падне во овој бунар се претвора во камен!

На брегот на реката Нид, во Англија се наоѓа проколнат бунар чија вода претвара во камен се што ќе стапне во неа.
 
Селаните велат дека местото со векови е проколнувано, а како што велат и самиот ѕид е во форма на голем череп.
 
Љубопитните авантуристи често оставаат различни предмети во бунарот, велосипеди, ланчиња, играчки кои навистина се скаменуваат.
 
Најстариот запис за бунарот е од 1538 година, кога верувале дека водата од него е лековита.
 
Локалната легенда пак вели дека во пештерата на бунарот била родена Мајка Шиптон , ќерка на локална проститутка која била толку грда што се сметало дека нејзиниот татко е ѓаволот.
 
Во 17 век бунарот станал вистинска туристичка атракција, а модерната наука вели дека во водата концентрирани се висок процент на минерали кои ја создаваат камената обвивка околу предметот.
 
Нормално водата не смее да се пие.