„Не се плашам од змијата додека е заглавена во ѕидот, но би било страшно кога би дошла до плафонот и ако паднеше врз мене додека спиев. Жал ми е што ќе морам да ја реновирам куќата, ама барем ја извлековме од таму“, рече Субданг.
Работниците од Зоохигиена велат дека питонот веројатно влегол низ некоја пукнатина криејќи се од дождот.
Змијата била долга околу 4,5 метри, и подоцна е вратена во природа.
Питоните и другите змии се многу честа појава на Тајланд, а можат да се најдат и во одводите, цевките, дрвјата и грмушките.