-->
-->
Чуда се можни: Фрлено новороденче пронајдено живо во алфалтот
-->
Девојче старо максимум два дена е пронајдено живо во петокот во дупка под асфалтот, покрај реката во Лос Анџелес.
Новороденчето од шуплината на патеката за велосипедисти, го извлекоа полицајците откако една минувачка пријави дека слушнала детски плач.
Веднаш дошле двајца заменици шерифи од округот Лос Анџелес. Тие под асфалтот, покриен со крш, го пронашле бебето кое за среќа беше живо. Девојчето било заледено и завиткано во болничко ќебе. Веднаш е пренесено во болница каде се опоравува.
Полицијата соопшти дека девојчето е старо меѓу 36 и 48 часа и дека е вистинска среќа што е се уште живо.
-Знаеме дека детето не би ја преживеало ноќта под тие услови - велат од полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален