Живот
1. December 2015 - 10:57

Чуда се можни: Фрлено новороденче пронајдено живо во алфалтот

Девојче старо максимум два дена е пронајдено живо во петокот во дупка под асфалтот, покрај реката во Лос Анџелес.

Новороденчето од шуплината на патеката за велосипедисти, го извлекоа полицајците откако една минувачка пријави дека слушнала детски плач.

Веднаш дошле  двајца заменици шерифи од округот Лос Анџелес. Тие под асфалтот, покриен со крш, го пронашле бебето кое за среќа беше живо. Девојчето било заледено и завиткано во болничко ќебе. Веднаш е пренесено во болница каде се опоравува.

Полицијата соопшти дека девојчето е старо меѓу 36 и 48 часа и дека е вистинска среќа што е се уште живо.

-Знаеме дека детето не би ја преживеало ноќта под тие услови - велат од полицијата.