Човечки коски најдени кај Ростуше, најверојатно од монаси погубени пред еден век
Двајца монаси од монашакото братство на Бигорскиот манастир откриле човечки коски во близина на селото Ростуше во месноста „Кај поповите“ и случајот го пријавиле во полиција. Првичните информации наведуваат дека останките се на тројца монаси кои биле погубени на почетокот од минатиот век.
Од СВР Тетово информираат дека случајот во петокот попладне го пријавил игуменот на манастирот, по што увидна екипа била испратена на местото, каде што биле најдени коските. Од местото биле подигнати речиси сто коски и други материјали, кои подоцна се предадени на вештачење во Институтот за судска медицина во Скопје.
- По анализите ќе се знае повеќе од кое време потекнуваат и како коските се нашле на тоа место. Се проверува и дали се точни наводите дека станува збор за останки на лица кои биле погубени, во сé уште нејасни околности, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Бигорските монаси за несекојдневното откритие биле поттикнати од наводите на извесен Зенел А. (92) од селото Ростуше. Тој во еден разговор им кажал дека во 1918 година во карпестиот предел во близина на селото биле стрелани тројца монаси кои служеле во мијачкото село Галичник.
Ново на Сител
-
Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството
-
Во Битола ќе се врши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот
-
Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година
-
Намален е бројот на годишни пријави за семејно насилство во Куманово
-
Собранието ќе добие ново лого
-
Домот на Фатмир Битиќи мета на крадци, украден сеф со злато, пари и рачни часовници
-
Собранието во рамки на 44. седница без расправа донесе повеќе законски решенија
-
Сочувство од архиепископот Стефан за упокојувањето на папата Франциск