Човечки фактор причина за пожарот кај депонијата „Мелци“ во Кавадарци
Од човечки фактор намерно рано утринава беше запалена градската депонија „Мелци“, информираа попладнево од кавадаречки „Комуналец”.
– Во 4 часот изутрина беше повикана Противпожарната единица и пристапено кон гасење на пожарот. Веднаш се испратени уште три цистерни од „Комуналец” и уште едно противпожарно возило.
До 10 часот беше изгаснат пожарот. Во 11 часот се пристапи кон сипање со земја за спречување на чадот. Сипењето е извршено и сеуште се врши со 10 камиони и градежни машини од „Комуналец” и локална градежна оператива на приватни фирми од градот, информираат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека досега се ставени околу 1.000 кубни метри земја и до околу 20 часот ќе се заврши со оваа постапка и целосно ќе биде локализиран пожарот на депонијата.
– Депонијата беше запалена од долниот дел кој е со длабочина од 30 метри и е непристапен за градежна оператива. Сепак, со напори на вработените во „Комуналец” и пожарникарите, пожарот беше изгаснат.
Апелираме на свесност во иднина, да не се прават вакви злодела и работи кои не доликуваат на времето во кое живееме. Апелираме и до граѓаните, запаливи материјали да не фрлаат во контејнерите затоа што штетите можат да бидат големи како по возниот парк на „Комуналец”, така и по здравата животна средина, нагласуваат од јавното претпријатие.
Се надеваат дека сторителите ќе бидат најдени и казнети во најкус можен рок.
Ново на Сител
-
Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина
-
ДПА: Повеќето герамански гласачи се за коалиција меѓу конзервативците и СПД
-
Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците
-
Oблачно со услови за дожд
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада