-->
-->
Членовите на ПСК Голак го искачија Руен
-->
Членовите на планинарскиот спортски клуб Голак од Делчево, Берово, Пехчево и Велес и огранокот на овој клуб Сосна Берово го реализираа клубскиот планинарски марш за искачување на врвот РУЕН 2252 метри надморска висина на Осоговските Планини. Како што информира Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“ од Делчево планинарите реализирале маршрута во вкупна должина од 15 километри.
– Маршрутата беше кружна со денивелација од 2444 метри. Почетна точка беше Рудник Саса на 1030 метри надморска висина, потоа поминавме преку Тракато брдо, месноста Коти, па се до Руен, највисокиот врв на Осоговските планини. Временските услови беа добри се до висина од 1 800 метри, од каде па се до врвот Руен и Петрово брдо 1 700 каде не зафати средно силен ветар со магла и ниска температура, кои сепак не ни пречеа, бидејќи на моменти правеа добра зимска идила со снегот кој го имаше веќе на висина од 1 900 метри, информира Чучуковски.
Додава дека маршот завршил во ноќни услови при што планинарите низ шумата се движеле со одевме низ со светилки.
Патеката по која се движеле планинарите заедно со врвот Руен се наоѓаат во регионот на делчевски Пијанец. Како што најавија од планианрското друштво ваквите планинарски маршрути ќе продолжат се со цел промоција на сите врвови, места и локалитети кои се наоѓаат во регионите Пијанец-Малеш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
-
При претрес кај 21-годишник пронајдена марихуана, кокаин и пиштол | ФОТО
-
Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден
-
Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил малолетник