Џет-Сет
10. August 2017 - 9:27

Членовите на британското кралско семејство не смеат да јадат школки

На членовите на британското кралско семејство не им е дозволено да јадат школки, објави поратлот „Хер“.

Според истиот извор, ваквата „забрана“ е воведена затоа што школките спаѓаат во групата на леснорасипливи производи и постои голем ризик да предизвикаат труење.   

Извори од кралското семесјтво тврдат дека кралицата Елизабета стрикно се придржува кон оваа забрана, со цел евентуалните задравствени проблеми да не ја оддалечат од нејзините обврски.

Но, за разлика од неа, нејзиниот сопруг, принцот Филип и не е премногу дисциплиниран во врска со ова забрана, па во неговата чинија понекогаш може да се најдат и морски плодови.