Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија го оспорија „очигледниот обид“ на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја спои Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) со Стејт департментот, што го доведува во прашање финансирањето на програмите за помош ширум светот, вклучително и милијарди долари во развојна помош за Украина.
Пратениците се собраа пред седиштето на УСАИД во центарот на Вашингтон за да го критикуваат, како што го нарекоа „незаконски маневар“ на извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск, кого Трамп го задолжи да ја намали владата.
Тие го одржаа собирот во знак на протест по извештаите дека вчера на вработените во агенцијата им било кажано да не доаѓаат на работа, а потоа им бил забранет пристап до официјалните мејлови и други сметки, додека агенцијата се чини дека е во процес на затворање, јавува Радио Слободна Европа.
Пратениците иронично изјавија дека САД немаат четврта гранка на владата по име Илон Маск.
„И тоа ќе стане многу јасно“, рече Џејми Раскин, претставник на државата Мериленд.
Тој додаде дека не знае кои се мотивите на Маск, „но тие немаат никаква врска со она што легално го усвои народот на САД преку Конгресот. Ќе ја браниме УСАИД до крај“.
Сенаторот Крис Марфи од Конектикат рече дека потегот создал уставна криза и вети дека ќе се бори против неа.
„Народот одлучува како ќе се трошат нивните даночни пари. Илон Маск не одлучува“, рече тој, исто така говорејќи пред зградата на УСАИД.
Марфи го нарече овој потег обид да се предаде владата на неколку неизбрани милијардери и корпоративни интереси, но нагласи „нема да им дозволиме да го сторат тоа“.
УСАИД е независна владина агенција основана од Конгресот во 1961 година и има приближно 10.000 вработени ширум светот
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.