-->
-->
Чистење одводни канали во Кисела Вода
-->

Во општина Кисела Вода се врши чистење на одводните канали. Акцијата, како што соопштуваат, почна со чистење на Црниот канал во Потстаница кој започнува од улица “Малешевска” и завршува во Студеничани.
- Расчистување на згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани, ќе продолжи со коритото на Мала Рада во селото Драчево, стои во соопштението.
Ваквите акции се дел од редовните активности на општина Кисела Вода, кои се одвиваат во летниот и почетокот на есенскиот период, а по потреба се чисти и почесто.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
