ЧИСТЕЊЕ МОБИЛЕН: Со еден потег отстранувате 100 проценти од бактериите!

Мобилниот телефон е еден од највалканите предмети кои ги допираме секојдневно. Екранот кој го потпираме на лицето, а го допираме со валкани раце е легло на бактерии и вируси кои предизвикуваат здравствени проблеми.
Но, постои средство за чистење кое можете да го направите сами, а кое отстранува дури 100% од бактериите.
Состојки:
-Дестилирана вода
-Изопропил алкохол (70%)
-Шише со спреј
-Крпа за чистење очила
Постапка:
1.Наполнете го шишето до половина со вода и додадете иста количина на алкохол.
2.Затворете го шишето, протресете го и подготвено е за употреба.
3.Крпата испрскајте ја со течноста, но од далеку да не се наводени, само да стане влажна.
4.Внимателно избришете го мобилниот телефон.
Совети:
-Изопропил алкохол може да се купи во аптеките.
-За чистење на мобилен телефон не може да се користи чист алкохол бидејќи тој е премногу агресивен и може да го оштети екранот и пластична обвивка на мобилниот телефон.
-Течноста не треба директно да се нанесува на мобилниот телефон, бидејќи и најмала количина може да го оштети микрофонот, звучниците или батеријата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
