Чистач во бегалски камп во Турција осуден за сексуална злоупотреба на деца

Еден турски државјанин, вработен како чистач во бегалскиот камп Низип, во близина на градот Газиантеп во јужна Турција, е осуден на 108 години затвор, поради сексуална злоупотреба на деца.
Како што објавија турските медиуми, 29-годишниот чистач се товари дека на деца-бегалци од Сирија им плаќал по две до пет турски лири (0.7 до 1,7 долари) за да имаат сексуален однос со него во тоалетите во кампот. Жртвите биле момчиња на возраст од осум до 12 години.
Осомничениот не ги негирал наводите во обвинителниот акт.
Тој бил приведен откако родители на осум деца-жртви го пријавиле случајот.
Турските медиуми наведуваат дека бројот на децата кои сексуално ги злоупотребил обвинетиот најверијатно е многу поголем, но голем дел од нивните родители не сакале да го пријават, стравувајќи дека би можеле да бидат депортирани назад во Сирија.
Во Турција престојуваат над 2,7 милиони сириски бегалци, од кои околу 14.000 се сместени во кампот Низип.
Ново на Сител
-

Зеленски ги повика Трамп и Стармер на состанок за подобрување на односите
-

Меџити: Чаир се мобилизира за Рамазан Бајрам – започна интензивна акција за чистење во текот на ноќта
-

Штрајк го парализира патничкиот сообраќај на аеродромот Бранденбург во Берлин
-

Најстудено утро и најмногу дожд на Попова Шапка
-

Најмалку едно лице загина во пожарите во Небраска
-

МААЕ: Проектил ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран
-

Кубанскиот претседател возврати на забелешките на Трамп за „преземање“ на островот
-

Трамп: НАТО направи многу „глупава грешка“
