Чин: Кина нема да испорачува оружје на страните вклучени во украинскиот конфликт
Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг изјави дека Пекинг нема да продава оружје на ниту една страна вклучена во војната о Украина.
Ние не доставивме и нема да им испорачаме оружје на страните во конфликтот, истакна Чин по средбата со шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Пекинг.
Тој додаде дека стоките со двојна употреба, што можат да се користат и за цивилни и за воени цели, се контролирани со закон.
– Улогата на Кина во Украина е да промовира помирување и да ги забрза мировните преговори. Нема да продолжиме да долеваме масло на огнот, посочи Чин.
Бербок од денеска е во тридневна посета на Кина. Таа ја посети германската компанија „Витеско“ (Vitesco) во Тијанџи, а потоа отпатува за Пекинг, каде ќе се сретне со кинескиот потпретседател Хан Чан.
Се очекува германската министерка за надворешни работи на средбите да разговара покрај војната во Украина, за тензиите за Тајван, како и за човековите права и за мерките против климатските промени.
Таа пред посетата на Кина нагласи дека целта е да се истражат можностите за идна соработка со Пекинг.
– Партнер, конкурент, ривал – ова е компасот на европската политика кон Кина. Во која насока ќе се движиме во иднина, делумно зависи од тоа каков пат ќе избере Кина, посочи Бербок.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД