-->
-->
Чилиќ го победи Мареј во Синсинати
-->
Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ја освои титулата на Мастерс турнирот во Синсинати откако во финалето го победи Енди Мареј со 2-0 (6-4, 7-5). До 15-та титула во кариерата, прва на турнирите од Мастерс серијата Чилиќ дојде по 96 минути игра.
Титулата на Мастерсот во Синсинати е најзначајната за хрватскиот тениерс по онаа од УС Опен пред две години. Чилиќ со победата над Мареј успеа да ја прекина низата од 19 последовни титули на Мастерс турнирите на „Големата четврорка“ на светскиот тенис (Ѓоковиќ, Мареј, Федерер, Надал).
Чилиќ, со исклучок на воведните гемови, беше апсолутно подобар ривал, одлично функионираше од основната линија и со разорниот форхенфд целосно ја разби играта на Мареј, кој во вториот сет немаше ниту една брејк шанса.
На спротивната страна Чилиќ успеа три пати да му го одземе сервисот на Британецот, за кого ова е првиот пораз уште од финалето на Ролан Гарос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство