Свет
22. August 2016 - 8:19

Чилеанци протестираат за реформи на пензиските фондови

Десетици илјади Чилеанци излегоа синоќа на улица во неколку градови за да протестираат владата да го укине пензискиот систем со приватни фондови и да го замени со друг, подобар за пензионерите.

Според актуелниот систем, вовден во 80-те години за време на диктатурата на Аугусто Пиноче, шест приватни фондови управуваат со сметки на кои има околу 160 милиони долари.

Противниците на тие системи тврдат дека ги принудуваат да вложуваат пари во фондовите кои имаат профит, но не обезбедуваат  достојни суми за пензии на Чилеанците.

Организаторите тврдат дека во демонстрациите учествувале околу 350 илјади луѓе само во Сантјаго.