Македонија
4. јуни 2017 - 16:45
Чевлар во модерното време, занает кој ги губи наследниците
“Велат дека она што е капата за главата, тоа се чевлите за нозете. А тие треба да бидат удобни и погодени на стапалото, макар, биле и поправани. Не треба да им се изгуби “фасонот”, па, после да биде отежнато движењето. Затоа, поравката на чевлите за мене е уметност”, ја започнува својата приказна, еден од само неколкумината преостанати чевлари во прилепската Стара чаршија, Милан Велкоски, кој со овој занает се занимава повеќе од 4 децении, а поправа речиси се, од чевли, до патики, чанти, јакни и сл.
Во занаетот влегол сосема случајно, во потрагата по егзистенција, за денес, неговото мало дуќанче да прерасне во семеен бизнис, кој го работи заедно со неговата сопруга и ќерката. Тој вели дека од чевларството се живее, но, слаб е интересот кај младите.
Мајстор Миле се жали и на квалитетот на сегашните, модерни чевли кои, како што вели, лични се за око, ама, кратки по век.
Инаку, овој занает, можеби е еден од ретките кој не е субвенциониран.Чевларот Милан смета дека доколку, и овој еснаф, би имал некаква помош од државата, можеби ќе се зголеми и интересот кај младите, оти вака, материјалите се скапи, давачките - големи, а услугите - ефтини, а тоа е ризик кој сегашниве млади тешко го прифаќаат.
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
