Фудбал
9. August 2017 - 9:34

Четврти пораз на македонските јуниорки на Европското првенство во Даблин

 
 
Јуниорката женска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 18 години што се одржува во Даблин, Ирска. 
 
Избраничките на селекторката Анета Глигорова загубија од соодветната селекција на Словачка со 76-41 (23-4, 13-13, 20-13, 20-11).
 
Спировска и Андонова постигнаа по 8, а Шеќероска беше стрелец на 7 поени за нашата селекција, која првата победа на првенството ќе брка во денешниот меч против Молдавија од 16 часот.