Македонија
30. September 2021 - 17:04

Четврти ден од изборната кампања

Кружни текови и реконструкција на влезовите во Прилеп, најавува кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин смета дека ќе се реши проблемот со сообраќајниот метеж во Прилеп.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Радовиш ветува културно деловен центар и нов градски пазар. Тие објекти, според него, се неопходни за градот.

Кандидатот за градоначалник на скопски Аеродром од СДСМ најавува активни центри за стареење, каде пензионерите ќе се социјализираат и дружат. Ветува и подобри услови за раст и развој на учениците со попреченост.

Регионален откупен центар за грозје на Кавадарчани им нуди кандидатот на СДСМ. На лозарите им ветува и субвенции до 70% од трошоците за опрема за заштита од град.

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош најави обновување и повторно ставање во функција на спортската сала Партизан.

Предизборните активности на кандидатите за градоначалници и советници продолжуваат и вечерва.