Четврти ден изборна кампања
Мосто со 6 сообраќајни ленти и велосипедска патека кој се гради кај Паркот на езерата а кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Центар треба да биде готов за еден месец, рече првиот човек на град Скопје Петре Шилегов, кој повторно ќе ја бара довербата од граѓаните за уште еден градоначалнички мандат.
Кандидатката Данела Арсовска пак ветува дека Скопје ќе го направи модерен град, но нема да ги запостани ниту околните села. Чиста вода за пиење, канализација, асвалтирани патишта и јавен превоз е она што ќе го добијат граѓаните кои живеат на само неколку километри од главниот град, доколу таа победи во трката за градоначалник.
За разлика од неа, Ана Петровска која доаѓа од граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град, најави дека Скопје ќе биде почист град. Скопјани ќе дишат чист воздух, а ќе добијат и многу нови паркови.Доколку победи на изборите ќе се бори и против корупцијата и урбанизацијата.
Адријан Муча,носител на листата на кандидати на ДуИ за советот на Град Скопје, нагласи дека зелената агенда е основа на планот на дејствување за следниот чеитиригодишен мандат.
Планираме да го прошириме булеварот „Цветан Димов“, претворајќи го во булевар со 6 ленти, ќе го поврземе со модерен мост Визбег со булеварот „Словенија“, а Љубетен ќе има нова мрежа на фекална канализација. Позеленувањето на градот ќе продолжи во секоја населба, како и досега. Ќе се изградат тротоари, како и нови велосипедски патеки, додека редовно ќе се одржува осветлувањето во руралните области на територијата на Град Скопје и околните општини. Еден од приоритетните проекти е ревизијата на деталните урбанистички планови со цел на инвеститорите да им се олесни инвестирањето на територијата на општина Бутел, но и во Чаир и Шуто Оризари
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
