Македонија
19. July 2025 - 16:31

Четврт ден гори кај Василево

Четврти ден гори на планината Готен, во близина на браната Турија, во општина Василево. Во моментов гори слаба и деградирана шума, висока сува трева и лесно запалива вегетација  што придонесува за брзо ширење на огнената стихија.

Според последните информации од терен, пламените јазици имаат создадено огнена линија долга неколку километри. Гасењето е отежнато поради тешко пристапниот терен, високите температури и повремениот ветер кој дополнително ја влошува ситуацијата.

Во гаснењето се вклучени повеќе екипи на ЈП „Македонски шуми“, пожарникари од Радовиш, припадници на ЕБР, како и доброволци од противпожарните друштва од Дојран и Пехчево. Поддршка од воздух дава и хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи  кој само денес исфрли над 35 тони вода врз критичните точки.

Напорите на сите екипи во моментов се насочени кон тоа пламените јазици да се задржат под контрола и да се спречи нивно ширење кон квалитетна шума, но и кон општиниte  Радовиш и Берово.

Според првичните проценки, пожарот досега има зафатено пет шумски оддели со вкупна површина од околу 200 хектари.