Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“

Јавниот обвинител нареди вештачење со кое вкупната проценета штета на околните објекти и паркираните возила беше утврдена на 405 илјади денари.
Постапувајќи во предметот против четворица осомничени за инцидентот од 12 јули кога рачна бомба експлодираше на улицата “Охридска” во централното градско подрачје на Битола, јавниот обвинител нареди вештачење со кое вкупната проценета штета на околните објекти и паркираните возила беше утврдена на 405 илјади денари.
Од тие причини, имајќи предвид дека станува збор за поголема имотна штета, Основното јавно обвинителство Битола изврши итна преквалификација на делото во потешко.
Против четворицата осомничени кои претходно се гонеа за предизвикување општа опасност од член 288 од Кривичниот законик, сега е отворена истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството со прибраните докази ги утврди својствата на секој од осомничените, така што еден се товари за поттикнување, додека другите за дејствија на соизвршителство и помагање.
Исто така, со прибраниот доказен материјал, утврдено е кој од осомничените ја поседувал и активирал експлозивната направа – рачна бомба М-75 која на граѓаните им е забранета, па против него е отворена истрага и за – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со ставовите 1 и 5 од Кривичниот законик.
Имајќи ги предвид сите овие околности и фактот што против осомничените ќе се води истрага, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог со кој мерката притвор од 8 дена определена на 20 септември сега им е заменета со 30-дневен притвор.
Тројца од осомничените се лишени од слобода, додека четвртиот не е достапен на органите на прогонот од моментот на извршување на делото, соопштуваат од Обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
-

Второ мислење за секоја кардиохируршка интервенција и во државно и во приватно здравство
-

Клиниката “Св. Наум Охридски” доби нова апаратура, а ќе се гради и Ургентен центар
