Четворица загинати во поплавите во јужна Германија
Поплавите што го зафатија југот на Германија во текот на вчерашниот ден однесоа четири животи и блокираа голем број куќи и училишта, соопштија денеска германските власти.
ДПА јави дека телата на три лица биле пронајдени денеска околу 8:30 часот во една куќа во баварското гратче Симбах Ам Ин, која поради обилните поројни дождови била поплавена за многу кратко време вчера изутрина.
Полицијата соопштои дека уште една жена е пронајдена почината нешто подоцна во водите близу Јулбах во југоисточна Баварија.
Висината на водата во поплавените улици изнесува околу еден метар. Стотици ученици вчера беа принудени да останат во своите училишта и таму да ја минат ноќта.
Надојдените води одвлекуваа автомобили, дрвја, па и мебел од куќите, а многу граѓани биле принудени да се качат на покривите на своите од каде треба да бидат спасени од хеликоптер.
Баварските власти веќе ја проценија штетата од поплавите на 10 милиони евра.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација