Четворица загинати во поплавите во јужна Германија
Поплавите што го зафатија југот на Германија во текот на вчерашниот ден однесоа четири животи и блокираа голем број куќи и училишта, соопштија денеска германските власти.
ДПА јави дека телата на три лица биле пронајдени денеска околу 8:30 часот во една куќа во баварското гратче Симбах Ам Ин, која поради обилните поројни дождови била поплавена за многу кратко време вчера изутрина.
Полицијата соопштои дека уште една жена е пронајдена почината нешто подоцна во водите близу Јулбах во југоисточна Баварија.
Висината на водата во поплавените улици изнесува околу еден метар. Стотици ученици вчера беа принудени да останат во своите училишта и таму да ја минат ноќта.
Надојдените води одвлекуваа автомобили, дрвја, па и мебел од куќите, а многу граѓани биле принудени да се качат на покривите на своите од каде треба да бидат спасени од хеликоптер.
Баварските власти веќе ја проценија штетата од поплавите на 10 милиони евра.
Ново на Сител
-
Почина еден од тешко ранетите во масакрот во Цетиње
-
МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
-
Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
-
Јаневска за дискриминацијата на ученикот од Миравци: Ќе се работи повеќе на почитување на личните права и на различностите
-
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
-
Образованието и науката во 2025 година со рекорден буџет од 38 милијарди денари, најави министерката Јаневска
-
Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина