Четворица работници повредени при работа на пеколните температури - Инспекторите не се во доволен број
Тројца работници паднати од скеле и еден од кров, поради работа на тропските горештини информираат од скопската Брза помош. Иако вчера беа донесени препораките за заштита на работниците од работа на отворено, има работодавачи кои не ги почитуваат. Од Трудовиот инспекторат велат дека имаат луѓе на терен но алармираат дека се соочуваат со недостиг од инспектори.
За Сител откриваат дека од 60 извршени надзори во државата во текот на вчерашниот ден 14 фирми добиле забрана за работа. Појаснуваат дека после забраната инспекторите вршат контрола и доколку констатираат дека повторно се работи работодавачот ќе се соочи со казна од 8 000 евра.
И од Сојузот на синдикати апелираат фирмите да ги почитуваат препораките и да не ги изложуваат работниците на отворено.
Земјава неколку дена е во портокалова фаза. Владата вчера ги усвои препораките за ослободување од работа на бремените жени и хронично болните над 60 годишна возраст. Градежните работници да не работат на отворено од 11 до 17 часот односно фирмите да го организираат работното време така што работниците нема директно да се изложуваат на сонце во тој период.
Од Трудовиот инспекторат апелираат сите оние кои сакаат да пријават непочитување на препораките да се јават во Архивата на инспекторатот.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар