Балкан
4. December 2016 - 10:30

Четворица приведени по пожар во интернат во Турција во кој загинаа 12 лица

Турската полиција уапси четири  осомничени лица по пожар во интернат во кој загинаа 12 лица. Меѓу уапсените е и директорот на интернатот.

Останатите осомничени се приведени по трагедијата што се случи во вторникот навечер во интернат во јужниот турски град Адана.

Загинаа 11 ученички и службеничка.

Според дел од извештаи на турски медиуми, во пожарот загинала и 4-годишна ќерка на директорот на интернатот. Причина за пожарот е најверојатно неисправна електрична инсталација.