Четворица повредени во сообраќајка на патот Росоман - Прилеп
Четири лица се повредени од кои две потешко при директен судар на две возила, кој вечерва се случи на регионалниот пат Росоман - Прилеп.
Ова го истакна портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, која рече дека сообраќајната несреќа се случила околу 20 часот, полициските службеници се на лице место, а увидот ќе го врши јавен обвинител.
Од Службата за Итна помош при Здравствен дом Кавадарци интервенирале со медицински персонал и две возила.
- Едно од возилото престигнувало и удрило директно во другото, кое излегувало од бензинската пумпа. Тешко повредените се млади полнолетни росоманци и откако биле примени во Кавадаречката општа болница, биле препратени на скопските клиники. Полесно повредените жена и детенце од другото возило се во Кавадаречката болница на опсервација, соопштија од Службата за Итна помош при Здравствен дом Кавадарци.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени