Македонија
7. February 2018 - 9:53

Четворица од кои еден потешко повредени при судар на две возила во Скопје

Четири лица, од кои еден потешко, се повредени во сообраќајката што вчера попладне се случи на раскрсницата меѓу булеварот „Словенија“ и Качанички пат.

До сообраќајката дошло при судир меѓу „Ауди“, со косовски регистерски таблички, управувано од 44-годишниот С.А., и „Фолксваген Бора“, управувано од 30-годишниот Б.И. од Скопје.

Потешко повреден е сопатникот во „Ауди-то“, И.А. (1968) од Косово, кој е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка опасност. 

Повредени се и возачот на аудито и возачот и сопатникот на „Бора-та“. Возачот Б.И. и сопатникот Х.Ф. (1992) се пренесени во Универзитетската клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“, а возачот на „Ауди-то“ е пренесен во ГОБ „8 Септември“, по што е препратен на Ургентниот центар, а потоа пуштен на домашно лекување.   

При вадење на повредените интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.  

За несреќата известен е јавен обвинител, а увид на местото направила увидна екипа од СВР Скопје. 

Се утврдуваат причините кои довеле до несреќата.